Шефот на косовската делегација за технички дијалог со Косово, Авни Арифи, денеска изјави дека одуката на косовската влада за воведување на такси од 100 отсто на увозот од Србија и БИХ не е насочена против Србите, ниту против која било заедница на Косово.
Тој вели дека одлуката е одговор за односот на Србија кон Косово. Арифи вели дека се обидувале постојано да ја известат меѓународната заедница за однесувањето на Србија на територија на Косово, за злоупотребата на потпишаните договори и за препреките кои ги поставуваат пред граѓаните на Косово. Сето тоа придонело да се воведат таксите.
Тој ги обвини и властите во ЕУ дека, како што вели, молчеле кога Србија го прекршила договорот ЦЕФТА. Арифи додава дека се подготвени да го понудат својот пазар за сите оние кои ги признаваат
„Ако косовскиот пазар е значаен за Србија, тогаш треба да го се однесуваат кон Косово со почит“, рече Арифи за телевизијата Клан Косова.