Спасовски - Се утврдува како избегал Груевски и кој му помагал

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека внатрешната контрола на МВР и Обвинителството работат на утврдување на начинот на кој поранешниот премиер Никола Груевски избега од Македонија во Унгарија. Спасовски, кој присуствување на Денот на високи гости на вежба во Криволак, рече дека на Груевски му бил одземен пасошот, но тој не можел да ја напушти Македонија ни со лична карта.

Запрашан како актуелните притвори ќе се одразат врз уставните измени, тој рече дека не би ги поврзал овие две работи.