Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, денеска изјави дека ЕУ и Велика Британија ја договориле нацрт-декларацијата за идните односи после Брегзит. Тој наведе дека на земјите-членки на Унијата им ја испратил декларацијата која начелно е договорена, но треба да биде одобрена од земјите-членки.
Лидерите од ЕУ треба да се сретнат во Брисел в недела да го одобрат договорот за излегување на Британија од ЕУ.
Велика Британија и ЕУ минатата недела постигнаа договор на 585 страници со кој се одредуваат условите за излегување на Британија од Унијата.
Британската премиерка Тереза Меј денеска треба да се обрати пред пратениците во британскиот Долен дом.