Во Скопје денеска ќе биде одржан треттио министерски панел за еколошко и климатско дејствување на Западен Балкан во организација на Советот за регионална соработка. Домаќин на собирот е македонското Министерство за животна средина и просторно планирање. На состанокот ќе стане збор за напредокот во спроведувањето на Бонската министерска декларација во областа на животната средина и климатските промени и за потребата за јакнење на соработката на земјите од западен Балкан.