Владата со негативно мислење за Предлог законот за амнестија за „27 април“

Архива: седница на Владата на Република Македонија.

Владата на денешната 104. седница донесе негативно мислење за Предлог- закон за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, што беше доставен од група пратеници во Собранието на Република Македонија, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница Владата одобри Министерството за правда да го достави Предлог-законот за измени и дополнувања на Законот за судовите до Венецијанската комисија, од која се очекува да даде мислење за предложените измени и дополнувања.

На оваа седница Владата го разгледа и усвои Предлог моделот за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија, со план за негово воспоставување.

На седницата Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи во соработка со надлежните органи на државната управа и други институции да ги координира сите активности кои произлегуваат од реформата на безбедносно-разузнавачкиот систем во Република Македонија.