Џафери - Голем дел од опозицијата ќе гласа за уставните промени

Претседателот на Собранието Талат Џафери.

Можеби нема да има целосен консензус кога ќе треба да се усвојат амандманите согласно Преспанскиот договор, но голем дел од опозицијата ќе гласа за промените на Уставот, рече претседателот на Собранието Талат Џафери во обраќањето на 64. сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Халифакс, Канада.

Македонија ќе ги заврши своите обврски за полноправно членство во предвидениот рок, истакна Џафери, изразувајќи надеж дека догодина ова време ќе бидеме триесеттата полноправна членка на Алијансата.