Косово не доби доволно гласови за Интерпол

Генералното собрание на Интерпол во Дубаи

Косово не успеа да обезбеди доволен број гласови за прием во Меѓународната полициска организација. Во првиот круг на гласање на денешното заседание на Генералното собрание на Интерпол што се одржува во Дубаи, за прием на Косово гласаа 76 земји членки на Интерпол, 56 беа против, а 22 воздржани. Во вториот круг, за гласале 68, против 51, а 16 делегати беа воздржани.