Дармановиќ – Кога Груевски помина низ Црна Гора, немаше потерница по него

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ

Црногорскиот министер за надворешни работи Срѓан Дармановиќ денеска во Подгорица изјави дека неговата земја не го повредила дипломатскиот протокол во случајот со поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој преку Албанија и Црна Гора победна во Унгарија.

Дармановиќ денеска изјави дека Црна Гора во случајот Груевски постапила како со сите други граѓани, дека во моментот на влез во земјата, по него немало распишано потерница од Македонија и дека „немало никаков законски проблем тој да влезе или да ја напушти“ црногорската територија.

Македонските власти подоцна распишаа потерница по Груевски. Црногорскиот министер рече дека поранешниот македонски премиер бил во друштво на дипломат.

Груевски требаше да замине на отслужување двегодишна затворска казна за случајот Тенк, но избега во Унгарија и побара политички азил.