Членките на ЕУ го поддржаа договорот за Брегзит

Министрите за надворешни работи на 27 земји-членки на ЕУ денеска го одобрија нацрт-договорот за Брегзит, соопшти австрискиот министер Гернот Блумел по состанокот во Брисел.

„Првата тешка етапа е завршена. Успеавме да го сочуваме единството“, рече Блумел, чија земја во моментов претседава со ЕУ.

Главниот европски преговарач за Брегзит, Мишел Барние, изрази задоволство од тоа што министрите го поддржаа „целиот пакет“.

Во Брисел в недела ќе се одржи вонреден самит на шефовите на држави и влади од ЕУ посветен на Брегизт, на кој ќе присуствува и британската премиерка Тереза Меј, која се соочува со голем отпор на договорот во нејзината земја.