Министрите за надворешни работи на Европската унија на денешниот состанок ќе разговараат за ситуацијата во Централна Азија пред министерскиот состанок на ЕУ и Централна Азија на 23-ти ноември. Исто така ќе се разговара и за ќе разговара за Босна и Херцеговина по изборите што се одржаа на 7-ми октомври, а дискусијата ќе ги опфати прашањата поврзани со реформскиот процес во земјата. На дневниот ред, како што е соопштено, ќе се најдат и ситуациите во Украина и Јемен. На министрите за надворешни работи ќе им се придружат и министрите за одбрана за дискусија за соработката на ЕУ во областа на безбедноста и одбраната.