Пред Собранието на Република Македонија синоќа заврши протестот во организација на движењето „Бојкотирам уставни промени“ преку кој беше побарано, меѓу другото, стопирање на постапката за уставни измени, поништување на Договорот од Преспа и трајна заштита на името на Македонија. Учесниците најавија дека од денеска ќе почнат блокади на главните сообраќајници и крстосници со возила и механизација и протести во Скопје и во сите градови низ Македонија се додека не се исполнат поставените барања. Протестот, како што соопшти организаторот, го поддржале македонската заедница во Канада, Светскиот македонскиот конгрес и Македонското меѓународно движење за човекови права.