Граѓаните ќе имаат поголем увид во Буџетот, опозицијата обвинува дека е расипнички

Министерството за финансии денеска промовираше веб-апликацијата преку која граѓаните може да имаат увид во Буџетот.

Веб-апликацијата дава јасен приказ на приходите и расходите во буџетот, како и можност да се направи споредба низ времето колкави биле тие ставки, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој вели дека граѓаните со апликацијата ќе можат да добиваат информација на што се наменети државните пари, а со тоа имаат и поголема контрола врз нивното трошење.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција рекоа дека предложениот буџет за 2019 година е мегаломански, расипнички и дополнително ќе ги осиромаши граѓаните. Од партијата ја повикаа власта да се вразумат и да ги редуцираат проекциите и трошоците, бидејќи, како што велат, овој Буџет ниту може да го издржи нашата економија,

Од владејачката СДСМ велат дека со предлог буџетот за следната година ќе се обезбедат повеќе пари за граѓаните, социјална праведност, поголеми плати, поголем раст на економијата и подобра живејачка за сите граѓани.