Британската премиерка Тереза Меј го назначи Стивен Беркли за нов министер задолжен за Брегзит. Нејзиниот портпарол соопшти дека Меј лично ќе ги надгледува последните десет дена од преговорите со ЕУ за идната рамка, а дека Беркли ќе се фокусира на домашните подготовки за Брегзит и на тоа предлог договорот да помине во Парламентот. Беркли на функцијата ќе го замени Доминик Раб кој поднесе оставка поради предлог договорот на Меј за Брегзит.