Ирскиот премиер Лео Варадкар денеска изјави дека единствениот начин да се избегне цврста граница меѓу Ирска и Северна Ирска е договорот за Брегзит.
"Можеме да избегнеме цврста граница со потпишувањето на договорот за кој се преговараше", изјави тој.
Според него, во услови на сценарио без договор ќе биде многу тешко да се избегне цврста граница.