Турската полиција уапсила 13 лица, меѓу кои двајца академици, бизнисмени и новинари во рамки на истрагата против активистот Осман Кавала.
Тие се осомничени дека му давале поддршка на Кавала во неговиот обид за соборување на турската власт преку масовни протести во 2013 година. Кавала беше уапсен пред една година под сомнение за „обид за уривање на уставниот поредок и Владата“.