Премиерот Зоран Заев денеска рече дека и поранешниот премиер Никола Груевски и Унгарија треба да дадат одговор дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија или бил киднапиран. Тој рече дека е јасно дека Груевски побегнал преку Албанија и Црна Гора со унгарско дипломатско возило.
„И јавно го поставувам прашањето, дали Груевски доброволно ја напуштил Македонија пред да биде издадена потврдата за казната затвор или можеби бил киднапиран“, изјави премиерот Зоран Заев на прес-конференција во Владата.
Заев рече дека Груевски „лаже дека имал закани за животот“.