Поранешниот македонски премиер Никола Груевски на 11-ти месецов влегол во Црна Гора и истиот ден излегол од државата, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.
„По повод наводите објавени во медиумите, како и интересот на медиумите за ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дека поранешниот премиер на Македонија Никола Груевски влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, во интерес на информирање на јавноста ве известуваме за следното: Никола Груевски влегол во Црна Гора на наведениот ден и истиот ден излегол од земјата“, се наведува во соопштението од црногорското МВР.
Во соопштението се дополнува и дека црногорската полиција во овој случај „во целост ги испочитувала законските процедури“.