Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто денеска во Приштина рече дека прашањето за азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски е правно, а не политичко прашање. На новинарско прашање дали Унгарија ќе му даде азил на Груевски или ќе го екстрадира во Македонија, Сијарто рече дека имиграциските власти ќе ја спроведат процедурата врз основа на меѓународното право по што „ќе ги видиме резултатите“.
Тој денеска во Приштина се сретна со неговиот косовски колега Беџет Пацоли.