Поранешниот македонски премиер Никола Груевски ја изразил желбата да побара политички азил во унгарска амбасада надвор од Македонија и Унгарија нема никаква врска со неговото излегување од Македонија, вели Гергеј Гујаш, шеф на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, објави пред малку новинската агенција Ројтерс. Тој не кажува во која земја е унгарската амбсада во која Груевски искажал намера за барање за азил, ниту како од таму стигнал до Будимпешта. Според него, Груевски не се сретнал со Орбан откако е во Унгарија.
Кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан вчера соопшти дека Груевски го поднел барањето за азил во Канцеларијата за имиграција и азил во Будимпешта.
Гергеј вели дека унгарските власти досега не добиле официјално барање од Македонија за екстрадиција на Груевски.
Груевски требаше да замине на отслужување двегодишна затворска казна за случајот Тенк, но избега во Унгарија и побара политички азил.