Јанкулоска: Бегството не може да биде решение на кој било проблем

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Кривичниот суд

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, коментирајќи го бегството на поранешниот премиер Никола Груевски, во Отворено студио на 1ТВ, меѓу другото, изјави: „Не сметам дека ова може да биде решение на кој било пролем. Не се согласувам со таа постапка без оглед на деталите како се одвивала и како била планирана. Не можам да се согласам со ниту еден сегмент со таа постапка што е направена“. Таа додаде дека во овие околности нејзиниот впечаток за таквата одлука е разочарувачка и оти не може со ништо да се аргументира таков потег. „Според вредностите во кои јас верувам таквата постапка заслужува само осуда“, рече Јанкулоска.