Поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, се приведени и пренесени во затворот „Шутка“. Одлуката за приведување ја донел Кривичниот суд на барање на Специјалното јавно обвинителство. Јанакиески и Божиновски се обвинети во неколку предмети на СЈО за кои се водат судски постапки.
Нивното приведување следува по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија каде што побара политички азил. Груевски во петокот требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казан за случајот „Тенк“. По него е распишана меѓунардона потерница.