Европската комисија одбива да го коментира барањето азил на поранешниот премиер Никола Груевски во Унгарија, и потсетува дека владеењето на правото е темелен европски принцип. „Владеењето на правото е темелен принцип на Европската унија за земјите членки исто како и за земјите кандидати. Очекуваме сите страни да се однесуваат строго во согласност со релевантните правила“, велат од Европската комисија додават дека ова е „судска процедура која не смее да се политизира“. Претходно Министерството за внатрешни работи објави дека е распишана меѓународна потреница по Груевски кој се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело – примање награда за противзаконито влијание. МВР соопшти дека по направените соодветни проверки, било утврдено дека Груевски се наоѓа во Унгарија.