Спасовски: Неговата сопруга ни овозможи да влеземе, но Груевски не беше дома

Министерот Оливер Спасовски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека вчера влегле во домот на поранешниот премиер Никола Груевски, но не го нашле дома. Според неговата изјава, дадена во емисија на Канал 5, сопругата на Груевски, Боркица, им овозможила да влезат, но Спасовски не откри дали со неа разговарале за тоа кога нејзиниот сопруг заминал.

Спасовски потврди дека денеска, околу 16 часот, неговиот унгарски колега му потврдил дека поранешниот премиер, Никола Груевски е во Унгарија. За тоа како се случило бегството, Спасовски рече дека не можат да споделат со јавноста засега. Но, додаде дека „на ниту еден премин нема поминато лицето Никола Груевски“. Според него, тоа укажува дека поминал на илегални премини.

Спасовски рече дека е изненаден од постапките на судот, иако вели не сака да ги коментира, но според него, ако Груевски бил во притвор немало ова да се случи.