Министерството за внатрешни работи пред малку потврди дека Никола Груевски е во Унгарија.
„По направените соодветни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди декаНикола Груевски, кој се бара заради извршување на казна затвор во траење од две години за сторено кривично дело- примање награда за противзаконито влијание, се наоѓа во Република Унгарија. Министерството за внатрешни работи на Република Македонија доби и потврда од унгарското министерство дека Никола Груевски е во Република Унгарија и дека побарал азил“, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи го информирало Основниот суд Скопје 1, по што Судот треба да издаде решение за распишување на меѓународна потерница за осуденото лице Никола Груевски.