Ќе одговараат сите што ја доведоа државата во ваква ситуација. Владата нема намера да ги спасува и ѝ должи на Македонија да се види дека секој е еднаков пред правдата, изјави вицепремиерката Радмила Шекеринска во врска со потрагата по Никола Груевски, а по прес-конференцијата за седницата на Комитетот за НАТО.
„Нашиот повик до Судството, не е повик на притисок, туку е повик сите да си понесеме свој дел од одговорноста, тоа значи дека кога се најавуваат бегања, или кога ни се случуваат бегства да се води сметка и да не се калкулира ниту со термините на испраќање на налозите, меѓутоа ниту со притворите. За многу поситни дела многу лесно некои судии носеа одлуки за притвор, а сега за многу сериозни дела таквите одлуки отсуствуваа. Повик е никогаш да не ни се случи вакво нешто затоа што одговорноста не е колективна, одговорноста е на тие судии кои така постапиле“, изјави Шекеринска.