Унгарската Влада ниту потврдува, ниту демантира дали Груевски е во Унгарија и дали побарал азил

„Не можеме ниту да ви потврдиме, ниту да негираме. Не сме во можност да коментираме по индивидуални барања за азил кои се уште се процесираат“, одговорија од унгарската Влада на прашањето на Радио Слободна Европа дали поранешниот премиер е во Унгарија и дали побарал политички азил од унгарските власти.

Груевски пред неколку часа на својот официјален профил на Фејсбук објави дека е во Будимпешта и дека побарал политички азил, информација за која што нема потврда ниту од неговата партија, ниту од надлежните институции во Македонија.