Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата објавена на фејсбук профилот на Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, соопшти попладнево МНР.
„Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана“, стои во соопштението од Министерството.