ВМРО-ДПМНЕ: Немаме информации каде е Груевски

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција во партиското седиште изјави дека немаат информации за тоа каде е и што прави поранешниот премиер и почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Прашањата доаѓаат откако на Фејсбук профилот на Никола Груевски е објавено дека е цел на закани и затоа е во Будимпешта, каде што побарал азил од унгарските власти. Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека немаат информација дека Груевски добивал закани, но како што вели, веруваат дека е така.