Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ вечерва го обвини премиерот Зоран Заев дека спроведува политички прогон кој како што рекоа нема да престане. Генералниот секретар на партијата Игор Јанушев изјави дека ова не личи на помирување, туку на подгревање на политичка криза.
“Ако мислите дека ќе не заплашите, се лажете. Добро ве знаеме. Ќе дојде и денот кога за ова ќе одговарате и вие кои го извршувате ова сценарио но и оние коишто го нарачаа и организираа ова по наредба на Заев. Доколку полицијата поседува налог и се сомнева дека Никола Груевски е во штабот позади, може слободно да дојде и со нас да провери”, изјави Јанушев.
Јанушев изјави дека Груевски не се појавил во седиштетото на партијата неколку месеци. Тој додаде дека според неофицијалните информации полицијата најверојатно нема да влезе во штабот на партијата, но истакна дека доколку има налог тоа може да го направи и да се увери дека не е таму.
Претходно од партијата испратија соопштение во кое се наведува дека “Кацарска судството” во спрега со полицијата и медиумите е најдобар доказ дека во Македонија сме сведоци на политички прогон и соопштија дека за овој скандал ВМРО ДПМНЕ ќе ги информира своите меѓународни партнери”.