Предлог-буџет за 2019 – Економски раст од 3,2 отсто и помал буџетски дефицит

Министерот за финансии Драган Тевдовски

Вкупните приходи во државната каса во 2019 година се проектирани на 210,8 милијарди денари, а вкупните расходи на 228,5 милијарди денари, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на денешната јавна презентација на Предлог-буџетот за следната година пред коморите, синдикатите, невладиниот сектор и медиумите. Тоа значи дека владата предвидува буџетот догодина да биде за речиси 293 милиони евра поголем од годинашниот.

За наредната година се предвидува економски раст од 3,2 проценти. Истиот раст беше предвиден за годинава, но со ребалансот беше намален на 2,8 проценти.

Стапката на инфлација е проектирана на 2 проценти.

Со Буџетот за 2019 година се планира намалување на буџетскиот дефицит на 289 милиони евра, односно 2,5 отсто од БДП.