Едно лице загина, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Белград, која се случи утрово, кога трамвај излета од шините. Несреќата се случила кога автомобил „Дачија“ поминал на црвено и се удрил во предниот дел на трамвајот, кој од силата на ударот излегол од шините, удрил во дрво и згазил пешак. Човекот починал на местото на несреќата. Според неофицијални информации, повредени се пет лица, вклучувајќи го и возачот на автомобилот. Повредените се пренесени во Ургентниот центар во Белград. Двајца од нив се во критична состојба. На местото на инцидентот се испратени полициски екипи, итна медицинска помош и пожарникарска служба.