Еколошки налепници за ограничено движењето на возилата во загадени денови

Илустрација.

Зелени, жоти и црвени налепници на возилата по направена соодветна контрола е мерката за аерозагадувањето која денеска ја најави заменик министерот за животна средина Јани Макрадули. Тој рече дека трошокот за налепниците ќе биде на граѓаните, а налепниците ќе се добиваат веднаш по донесувањето на законот.

Зелената налепница се однесува за хибридните, електртичните и возила кои имаат ЕУРО 5, 6 стандард како и Еуро 4 во кои се вградени уреди за течен нафтен и земјен гас. Тие ќе можат слободно да се движат во кое било време какво и да е загадувањето, рече Макрадули.

Жолтата налепница се однесува на возилата со ЕУРО 4, 3, и 2 стандардот со вградени еколошки компоненти и тие ќе имаат ограничено движење во денови кога има висока концентрација на загадувачки сипстанци.

Црвената е за ЕУРО 2 и под тој стандард возила за кои ќе биде забрането и движење во деновите со висока концентрација загаденост, истакна Макрадули.

Тој појасни дека налепницата ќе ја утврди овластена техничка служба која доколку се утврди дека спротивно на законот ги дели тие налепници ќе има соодветни санкции и казни, но ќе има и казни за возачите кои возат со налепница која е забранета за тој ден.

Заменик министерот Макрадули рече дека мора да се воведе ваква мерка посебно што во Скопје секојдневно влегуваат од внатрешноста на Македонија околу 30.000 возила

Како втора мерка, Макрадули рече дека Владата воведува начин за утврдување на субвенционирање на набавка на електрични и хибридни возила за кои ќе се добијат 3.000 евра за хибридно и 5.000 евра за електрично возило.

Според него се очекува оваа мерка првата година да ја искористат околу 200 граѓани или компании за 200 возила. Покрај оваа мерка ќе се сунвенционира набавка на уреди за течен нафтен гас или метан до 50 проценти на трошоците за набавка на уредот, но не повеќе од 300 евра. Во првата година се очекува таа мерка да ја искористат 1.200 возила.