Мицкоски: Груевски е жртва на политички прогон

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека одбивањето на жалбата на Никола Груевски покажало дека станува збор за политички прогон. Тој ова го кажа вечерва во интервју за Телевизијата Алфа

"Чинот ја потврди тезата за политизираното судство. Никола Груевски е жртва на политички прогон. Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематријилна корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Груевски во случајот добил добивка да се вози со возилото, кое и сега го користи владата. Пред емисијава и јас слушнав дека веднаш по приемот на одлуката, ќе треба да се јави во затвор. Навистина сме разочарани", рече Мицкоски.

Во врска со второто писмо од Сашо Мијалков, Мицкоски рече дека тоа за него и завршена книга.

"Сите ние смртниците сме времени и јас сум времен лидер. Само прашање е колку тоа ќе трае, една година, пет, десет. Тоа не може да зависи од една личност. Знаеме дека еден поранешен функционер ја покажа својата намера дека би се кандидирал. Од она што јас можам да го кажам е дека јас сум првиот кој ја ставил довербата пред ЦК и добив поддршка од 100 отсто. Тоа прашање за мене е затворена книга. Што се однесува до писмото, немам што да додадам, за мене тоа е завршена книга. За мене политички противник е Заев", рече Мицкоски.