По немилиот настан во Гостивар, Ветеринарната комора на Република Македонија го реафирмира својот став дека коренот на проблемот со бездомните кучиња е во неодговорното сопствеништво. Тоа треба да се идентификува и адекватно да се санкционира, за што се неопходни построги законски прописи и нивна доследна примена со строги санкции за прекршителите, сметаат тие.
Комората бара задолжително чипирање и регистрација на кучињата.
„Во рамки на одговорното сопствеништво спаѓа и репродукцијата и со неа поврзаната потреба од стерилизација или кастрација на животното“, дополнува Комората.