Протести за поддршка и правда за поранешниот премиер и пратеник Никола Груевски се одржаа вечерва пред Кривичниот суд во Скопје. Александар Трајковски во име на демонстрантите порача дека самоиницијативно се организирале како членови на ВМРО-ДПМНЕ со цел да упатат порака да запре политичкиот прогон против Груевски.
Според него, СЈО има за цел да ја уништи политичката елита на ВМРО-ДПМНЕ и сите обвиненија се базирани на незаконски начин. Тој ги повика судиите да работат во согласност со законот и го повикаа Кривичниот совет да ја уважи жалбата на Груевски за одложување на неговата казна. Трајковски го повика и претседателот Ѓорѓе Иванов да донесе одлука со која ќе го прекине политичкиот прогон кој се спроведува во Македонија.