Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ја почна седницата на која треба да се расправа за четирите нацрт-амандмани на Уставот согласно Договорот од Преспа, но веднаш на почетокот беше дадена пауза од еден час, на барање на координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Тој претходно побара и директен пренос на седницата на Комисијата.
Во салата каде што се одржува седницата е и премиерот Зоран Заев, кој се очекува да ги образложи уставните измени. Оваа седница може да трае 12 дена.
Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1 декември.