Песков – Односите со САД тешко да се влошат, но не се наѕира ни подобрување

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Исходот на изборите во САД, чиј епилог е поделен Конгрес, нема да им наштети на односите меѓу Русија и САД, зашто веќе се лоши, но не се наѕира „светла точка за нормализација на руско-американските односи“, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

„Би било тешко тој однос повеќе да се влоши“, рече тој.

Песков одби да ги коментира навестувањата дека тоа демократите освоиле мнозинство во Претставничкиот дом ќе му отежне на американскиот претседател Доналд Трамп да ги подобри односите со Русија. Тој рече дека Москва е отворена за дијалог и оти проблемите нема да се решат сами од себе.