Два воза денеска беа евакуирани на главната железничка станица во Барселона, откако беше пронајден сомнителен куфер, кој се проверува дали има експлозив, соопшти денеска полицијата.
Портпаролката на регионалната полиција рече дека специјалистите за експлозив утринава биле активирани да ја проверат пругата за брзиот воз на станицата Сантс во Барселона.
Обезбедувањето утринава идентификувало предмет кој личи на експлозивна направа во куферот, по што била повикана бомбашката единица.