Вицепремиерот Бујар Османи, кој е координатор на новиот владин План 18, на денешната презентација на планот, изјави дека и покрај настојувањата од Владата, опозицијата се уште не се вклучила во проектот со свои забелешки.
Според Османи, идејата на Владата е во Планот 18 да бидат вклучени сите релевантни чинители, меѓу кои и граѓанскиот сектор и опозицијата.Тој рече дека со граѓанскиот сектор се остварени две консултативни средби и од нив се добиени писмени забелешки, кои се вклучени особено во дефинирање на моделот на следење на реформите, индикаторите за реализација на конкретните мерки и нивна имплементација во секојдневното практикување на тие закони.
„Се обидовме да ја вклучиме и опозицијата“, рече Османи, потсетувајќи дека тој лично имал средба кога почнала израбтката на драфт верзијата, но како што кажа за жал досега од неа не се добиени писмени забелешки.
Додаде дека повторно ќе се обидат да ја вклучат, за овој процес да се направи инклузивен и од политички аспект.