ВМРО-ДПМНЕ: Прогресивниот данок ќе ја уништи македонската економија

Седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека Владата со воведување на прогресивниот данок е на пат да ја уништи македонската еконoмија. Според опозициската партија, СДСМ со таквата мерка оди спротивно на укажувањата на бизнис заедницата и прогресивниот данок ќе влијае на намалување на платите и намалување на бројот на ново отворени работни места. Власта со зголемување на даноците, како што наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ, директно ја стимулира сивата економија и даночната евазија.

Со даночната реформа се планира за доходот до 90.000 денари месечно, данокот да остане 10 отсто како и до сега, додека само на делот на доходот кој надминува 90.000 денари, би се плаќале дополнителни 8 проценти.