Рускиот претседател Владимир Путин упати пофалби до руската разузнавачка агенција која беше обвинета од Западот во текот на годинава за серија напади. На церемонијата на одбележување на 100 годишнината од воената разузнавачка агенција ГРУ, Путин ги поздрави нејзините смели оперативци.
Британија ја обвини агенцијата за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал со нервен гас. Холандија ја обвини ГРУ дека се обидела да изврши хакерски напад врз Меѓународната агенција за контрола на користењето на хемиско оружје. САД ја обвинија агенцијата за обид за хакирање на претседателските избори во САД во 2016 година. Русија ги негира обвинувањата.