Жителите на Аеродром попладнево одржаа нов протест пред „Мајчин дом“ против рестартирањето на изградба на деветкатницата. Револтираните граѓани порачаа дека се разочарани што и покрај нивните протести зградата сепак ќе биде изградена.
“Сакаме Аеродром да дише и бараме оставка од градоначалникот Златко Марин затоа што се покажа дека тој не умее да ги исполни своите предизборни ветувања. Деновиве сме сведоци на промена на Уставот, што значи дека возможно е да се промени и ДУП-от”, изјави активистката Искра Манојлоска од иницијативата.
На протестот немаше полициско присуство и се одвиваше во мирна атмосфера.