Нацрт амандманите на пленарна седница на први декември

Седница на Собрание на РМ

Седницата за нацрт-амандманите за промена на Уставот во согласност со Договорот од Преспа, кои Владата ги објави денеска, ќе се одржи на 1 декември, објавено е на интернет страницата на Собранието. Една недела подоцна, на 7 ноември, нацрт-амандманите ќе се најдат пред пратениците, членови на Комисијата за уставни прашања. Според Деловникот, претресот во матичните комисии може да трае најмногу три работни дена по текстот на нацртот на секој амандман одделно.