Шпанското обвинителство побара од седум до 25 години затвор за 12 од 18 поранешни каталонски лидери, на кои наскоро ќе им се суди за обид за отцепување на Каталонија во октомври 2017 година. Во писмениот поднесок до Врховниот суд, обвинителството побара највисока казна од 25 години за поранешниот потпретседател на Каталонија, Ориол Жункерас, кој веќе една година е во затвор. Тој е обвинет дека е главен промотер на незаконскиот референдум за независност на Каталонија, пренесува новинската агенција Асошиејтед прес. Судењето на каталонските сепаратисти би требало да почне наредната година.