Заев ги прифати амандманите на независните пратеници

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Премиерот Зоран Заев по средбата во Собранието со независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ рече дека постигнале согласност за нацрт амандманите за промена на Уставот. Тој не прецизираше за колку амандмани станува збор, ниту дали во преамбулата ќе биде вклучен и договорот во Охрид. Пратеникот Крсто Мукоски во име на независната група порача дека добиле гаранција оти нивните амандмани ќе бидат прифатени и дека комисијата за помирување почнува со работа од понеделник.