НБМ ја намали проекцијата за економскиот раст на 2,3 проценти

Гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска - Бежоска

Корекција за растот на македонската економија од 3,2 на 2,3 проценти направи Народната банка на Република Македонија во есенската ревизија на макроекономските проекции споредено со проекциите во април.

Покрај завршување на годината со раст од 2,3 проценти, за следната година НБРМ прогнозира раст од 3,5 проценти, а за 2020 година од 3,8 проценти.

"Во периодот на проекции се очекува постепено закрепнување на домашната економија по стагнацијата со која се соочивме во 2017 година, при оценет раст на БДП од 2,3 проценти во 2018 година и постепено натамошно забрзување на растот во натамошниот период и достигнување на одредени солидни стапки на раство 2021 година од 4 отсто, рече денеска на прес-конфеернција гувернерот на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска.

Новите проекции, како што потенцираше, претпоставуваат стабилно домашно и екстерно опкружување. Надолната корекција е одраз на послабите остварувања во првата половина од година кога очекувавме економски раст од 3,3 проценти, а остварувањата се 1,6 проценти, при што најголемото отстапување е во сегментот на инвестициите.

Ревизија на растот на БДП за годинава претходно изврши и Министерството за финансии со предложениот ребаланс на буџетот, намалувајќи ја проекцијата за реалниот економски раст од 3,2 проценти на 2,8 проценти