Рочиштето за предметот „Тендери“ на Специјалното јавно обвинителство е одложен за 9 ноември, поради отсуство на претседателот на судeчкиот совет, Осман Шабани. На следното судење треба да бидат сослушани двајца сведоци.
Во предметот првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа - Милевска, за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“. Според обвинението, дел од градежните работи во Музејот се вршени во корист на правното лице „Бетон“ од Штип. Според обвинението, Канческа - Милевска наложила Бетон да продолжи со работата на партерното уредување пред да се објави тендерот.