Дескоска - Амнестија за „27 април“ не смее да има

Министерката за правда Рената Дескоска

Амнестија за насилствата во Собранието од 27 април минатата година не смее да има, изјави министерката за правда Рената Дескоска денеска во Охрид, каде учествува на работилницата посветена реформите на правосудниот систем.

По однос изјавата на премиерот Зоран Заев во Собранието за помирување, Дескоска рече дека тоа е став што треба да се поддржи, да се разговара во поширок контекст, но оти амнестија за насилствата во Собранието од 27 април минатата година не смее да има, оттаму што, според неа, станува збор за настан што оставил не само лична траума на луѓе, туку и траума врз целото општество.