Членките на ЕУ се за забрана на пластиката за еднократна употреба

Земјите членки на ЕУ ја поддржаа предлог директивата за забрана на некои пластични производи за еднократна употреба. Цел на предлогот кој Европската комисија го даде кон крајот на мај е борбата против загадувањето со пластика што најмногу ги погодува морињата и бреговите. Се предлага забрана на десет категории секојдневни пластични производи како стапчиња за уши, држачи за балони, пластичен прибор за јадење, пластична опрема за риболов, што претставува 70 насто од целиот отпад во морињата. Оваа директива би можела да стапи во сила од 2021 година.