Вулин - Војска на Косово е закана

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека формирањето војска на Косово е предизвик и закана за безбедноста во регионот. Тој, за ТВ Пинк, исто така, оцени дека српскиот претседател Александар Вучиќ со право е загрижен поради случувањата во Косово.

„Што ќе ви е војска, за што таа служи, против кого ќе се борите, ќе ја нападнете Црна Гора, Северна Македонија, силите на КФОР, Албанија“, ги праша Вулин косовските власти.

„За што служи? Ако ви служи за борба против Србија, веднаш распуштете ја бидејќи Србија нема намера да ја напаѓа својата јужна покраина и нема намера да учествува во какви било војни или судири“, истакна Вулин.

Тој оцени дека војската на Косово „очигледно треба да служи само за тоа и тоа е единствената идеја“.